Културата на античките Македонци (македонски) 
Врста: Матурски ђ Број страна: 24 ђ Ниво: Гимназија

Содржина:
1.Вовед............................................................................3
2.Религија......................................................................5
3.Култови и верувања..................................................7
4.Јазик......................................................................... 10
5.Остатоци од материјална култура........................14
6.Заклучок.....................................................................19
7.Прилог......................................................................20
8.Користена литература............................................24
1.Вовед
Античка Македонија била античко кралство кое се наоѓало во централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Хелада. Земјата претежно била планинска, освен поширокото крајбрежје на Егејското Море кое е низинско. Била богата со пасишта, реки и езера. Планинските предели се познати како Горна Македонија, а низинскиот дел како Долна Македонија. Името Македонија доаѓа од старомакедонските зборови ,,макос ”што во превод е висок и ,, дон” – земја.
Територијата на Македонија ја неселувале повеќе племиња. Најстари и најпознати племиња биле: Бригите, Пајонците и Македонците.
Во почетокот Македонците ги населувале планинските предели. Попознати македонски племиња биле Десаретите, Пелагонците, Линкестите и други.
Во ВИИИ век, започнало обединувањето на македонските племиња во единствена држава. Јадрото на македонската држава било во Долна Македонија. Родоначалник на македонската кралска куќа бил Каран. Но, со оглед на тоа дека не се зачувани конкретни податоци како за Каран, така и за другите кралеви по него, како прва историска личност од македонската династија Аргеади се зема кралот Пердика И . Тој владеел кон крајот на ВИИИ и почетокот на ВИИ век пред н.е.
Македонските кралеви, наследници на Пердика настојувале да ја зацврстат македонската држава и да ја прошират. Позначајни меѓу нив биле Александар И Архелај, Аминта ИИИ, Филип ИИ и Александар ИИИ..
Во времето на Александар И, (првата половина на В век) државата значително се зацврстила и проширила. Тој продолжил да ги обединува македонските племиња. Водел војна со Илирите и застанал на страната на Хелените во војните против Персија. Поради тоа бил наречен пријател на Хелените.
Кралот Архелај водејќи вешта политика, успеал да ја издигне македонската
држава уште повеќе. Се граделе патишта и тврдини. Престолнината од Ајга ја префрлил во Пела. Архелај ги зајакнал културните врски со Хелените. На неговиот двор во Пела престојувале познати хеленски уметници, писатели, архитекти и други.
Филип ИИ водел повеќе војни со своите соседи и притоа успеал да ги победи Илирите, Пајонците и ги принудил да ја признаат неговата врховна власт. Војувал и ги победил Дарданците и Тракијците и со тоа ја освоил Пангајската Планина, која била богата со злато и сребро. Во 338 год. пред н.е. кај Херонеја ја победил хеленската војска а после тоа бил прогласен за хегемон на Хелените.
Александар ИИИ Македонски несомнено одиграл важна улога во старата македонска држава. Во негово време Македонија станала светска сила.Нејзината територија се протегала на три континенти: Европа, Азија и Африка. Иако Александар бил млад кај него се појавила идејата да го освои целиот свет, а империјата да ја уреди како заедница на рамноправни народи. Кон освоените народи се однесувал со почит кон нивната култура и религија. Но пред се ги почитува обичаите, религијата и културата на својот народ.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!